Девизните резерви на земјава во јануари пораснале за 47,2 милиони евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Односно, на крајот од првиот месец од годинава државава располагала со девизни резерви на износ од 2,483 милијарди евра, откако минатата година ја заврши со ниво од 2,437 милијарди евра. Ако се направи подетална анализа на што се должи јануарскиот раст на девизните резерви, може да се види дека за овој месец има пораст кај монетарното злато за 28,8 милиони евра, додека, пак, кај валутите и депозитите е регистриран пад од 27 милиони евра. Но, затоа позначаен раст во јануари е забележан кај хартиите од вредност, кои всушност сочинуваат најголем дел од девизните резерви и кај нив растот за еден месец изнесува 45,4 милиони евра.
Девизните резерви на земјава во јануари пораснале за 47,2 милиони евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Односно, на крајот од првиот месец од годинава државава располагала со девизни резерви на износ од 2,483 милијарди евра, откако минатата година ја заврши со ниво од 2,437 милијарди евра.
Ако се направи подетална анализа на што се должи јануарскиот раст на девизните резерви, може да се види дека за овој месец има пораст кај монетарното злато за 28,8 милиони евра, додека, пак, кај валутите и депозитите е регистриран пад од 27 милиони евра. Но, затоа позначаен раст во јануари е забележан кај хартиите од вредност, кои всушност сочинуваат најголем дел од девизните резерви и кај нив растот за еден месец изнесува 45,4 милиони евра.
Па така, на крајот од јануари годинава, од девизните резерви чија вкупна сума изнесува 2,483 милијарди евра, на хартии од вредност отпаѓале 1,989 милијарди евра, односно најголемиот дел. Притоа, ова се средства што се држат во висококвалитетни хартии од вредност на најразвиените држави, така што се сметаат за сигурни инструменти.
Додека, пак, во моментов девизните резерви во монетарно злато вредат 244 милиони евра, а во валути и депозити се држат 246 милиони евра.
Ако се има предвид дека во јануари лани нивото на девизните резерви беше 1,979 милијарди евра, значи дека во јануари 2015 година, односно за една година, девизните резерви пораснале за близу 505 милиони евра.
Во последниот извештај на НБМ е наведено дека девизните резерви се движат во согласност со очекувањата, а показателите за адекватноста на девизните резерви остануваат во сигурна зона.